Home Актуелно Замина уште една новинарска легенда – почина Реџеп Пампур

Замина уште една новинарска легенда – почина Реџеп Пампур

Викендов не напушти уште еден култен лик од новинарската фела – почина познатиот македонски ТВ-водител Реџеп Пампур. Тој беше радио и телевизиски водител, а посебно популарен беше како дел од екипата што ја подготвуваше емисијата за млади „Пулсирања“ на МТВ.

27-11-pampur1

Како новинар работеше и во „Нова Македонија“, во „Пулс“, Радио Скопје, МТВ и во магазинот „Форум“. Во 2009 година доживеа сообраќајна несреќа со мотор и оттогаш се повлече од новинарството. По сообраќајката тој помина низ долг процес на заздравување и рехабилитација.

Откако ќе застанам на нозе планирам повторно да се вратам на телевизија со емисија за филмските случувања. Додека лежам имам многу време за размислување, за креирање, за идеи“,  изјави Пампур во интервју во 2013 година кога беше на рехабилитација во обид да застане на нозе по несреќата.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…