Законот за прогласување на недела како неработен ден денес во македонското Собрание


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Собранието на Македонија денеска треба да ја одржи 57. редовна седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден.

Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да почнат да важат од 1 јануари.

Пратениците ќе расправаат и за други законски решенија меѓу кои и за измените на Законот за основно образование, за законите за финансиска поддршка за намалување на на последиците предизвикани од пандемијата врз производството и откупот на земјоделските производи и врз производството и откупот на грозјето. Собранието треба да се изјасни и за Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција „Алтеа” во Босна и Херцеговина.

Како последна точка на денешната седница е ставен Извештајот на Европската унија за напредокот за земјата за 2021 година.