Загрижувачка ситуација на Антарктикот – измерена највисоката температура во историјата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истражувачката станица на Антарктикот ја измери највисоката температура досега забележана на овој континент. Глобалното затоплување ги зголемува стравувањата од топење на мразот на Јужниот пол.

Базата Есперанца на северниот дел на Антарктикот измери 18,3 степени, највисока температура во историјата, објави денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

„Ова не е вредност што нормално би ја поврзале со Антарктикот, дури и во лето. Со тоа е соборен рекордот од 17,5 степени во 2015 година“, изјави портпаролката на СМО, Клер Нулис во Женева.

„Антарктикот е еден од деловите на планетата каде затоплувањето е најбрзо. Слушаме многу за Арктикот, но овој дел од Антарктикот се загрева навистина брзо“, предупреди таа.

Научниците веруваат дека глобалното затоплување предизвикува толку многу мраз да се стопи на јужниот пол што огромен леденик е пред распаѓање. Ова може да придонесе глобалното ниво на морињата да порасне на минимум три метри во наредните децении.

„Количината на мраз што годишно се губи на Антарктикот се зголеми за шест пати од 1979 до 2017 година“, истакна Нулис, додавајќи дека фотографиите покажуваат пукнатини на ледениците.

„Топењето на глечерите значи дека сме во голема неволја кога станува збор за пораст на нивото на морињата“, заклучи портпаролката на СМО.