Home Актуелно Заев пресече дали ќе се кандидира за претседател на Македонија

Заев пресече дали ќе се кандидира за претседател на Македонија

Во синоќешното гостувањето во 24 Отворено, премиерот Зоран Заев потврди дека нема да се кандидира за претседател на претстојните претседателски избори кои треба да се одржат следната 2019 година.

„Нема да се кандидирам и тука ја затворам дебатата“ – изјави Заев.

Инаку, последните анкети пак покажуваат дека премиерот Зоран Заев за претседателската функција би добил подрршка од 12,4 отсто, а 8,2 отсто за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и за министерот за надворешни работи Никола Димитров. За Стево Пендаровски би гласале 6,8 отсто од испитаниците, пет отсто својот глас би го дале за Бујар Османи, додека за Имер Селмани, кој веќе еднаш се проба во претседателска трка се одлучиле 5,8 отсто од анкетираните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…