Заев нема 2/3 мнозинство! Пак се одлага седницата за утре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешната седница на која требаше да се изгласа промената на уставот со цел промена на името на Македонија повторно е откажана за утре во 12 часот.

Тоа зборува дека Заев и денес не можеше да обезбеди 80 пратеници минимум за да се изгласаат измените со кој Македонија ќе си го промени своето име во Северна Македонија.

За да се обезбеди 2/3 мнозинство потребно е да се прифатат барањата на Беса која бара во Преамбулата да се избрише зборот македонско државјанство со што пак тоа не го прифаќаат 8 – те независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бидејки не се заштитува Македонскиот идентитет.

Премиерот Заев бара да се дојде до “креативно” решение кое ќе ги задоволи двете страни.

Инаку засега се знае дека Љилјана Поповски од ДОМ нема да гласа за промена на името и дека на нејзино место ќе се надокнади и компензира Панчо Минов кој е договорено да гласа ЗА, наводно поради втемелување на неговиот предлог во конечните амандмани.

Досега власта има обезбедено 78 пратеници и фалат двајца пратеници за минимумот за 2/3 мнозинство и преговара со Беса за да дојде до потребната бројка.

Останува да се види креативното решение со кој ќе се задоволат и двете барања на Беса и осумте независни пратеници, и дали ќе успее Заев да ги убеди или уцени за да се дојде до 80 гласа ЗА.

Извор: Медиа24