Заев нуди амнестија: Можеби е време да си простиме за 27 април, време е за помирување (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев, на денешната пленарна седница од говорницата во Собранието се обрати и понуди „простување“ на опозицијата за нередите и случувањата во Законодавниот дом на 27. април минатата година.

„Да си подадеме рака. Да почнеме од 27 април и настаните што се случија. Сега е одличен момент да си простиме и да се помириме. Испраќам порака на помирување и простување за 27 април“, истакна Заев.

Тој посочи дека треба да се смириме. Да го издигнеме над сите заедничкиот национален интерес. Вели, „се закрвавивме, се поделивме поради однесувањето на дел од поединците во политката“.

Премиерот од говорницата ги повика пратениците од мнозинството како и опозицијата да се договорат околу ова прашање. Посочи дека е свесен дека ова има цена и тој како политичар е подготвен истата да ја плати.