Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Шенон О’Конор, жена и мајка од Калифорнија организирала тајни оргии во кои им делела пијалоци и кондоми на тинејџерите, па дури и ги гледала како имаат секс, тврдат обвинителите, пишува New York Post.
О’Конор, која е обвинета дека гледала и се смеела во спалната соба додека пијан тинејџер допирал девојче, пријателка на нејзиниот тогаш 15-годишен син.
47-годишната мајка ги криела забавите од другите родители и нејзиниот сопруг, додека децата на возраст од 14 и 15 години толку се опијанувале што повраќале, не можеле да издржат и се онесвестувале, велат обвинителите.
„Беа потребни многу храбри деца да излезат и да го разоткријат овој длабоко вознемирувачки случај. Како родител, јас сум шокиран. Како обвинител, одлучен сум да ги изведам пред лицето на правдата оние што ја загрозуваат безбедноста на децата”, рече обвинителот Џеф Розен.
О’Конор, која го користела и името Шенон Бруга, била уапсена во Ајдахо, каде што сега живее. Обвинителите планираат да ја екстрадираат во Голден Стејт за да се соочи со листа од 39 кривични дела.
Во текот на осуммесечниот период од 2020 година до почетокот на оваа година, О’Конор, наводно, организирала неколку забави за нејзиниот син и пријателите и извршила притисок врз присутните да го држат развратот во тајност.
„Таа рече дека ако кажеме некому, може да одиме во затвор“, се наведува во едно од сведочењата. Според обвиненијата, на едно 14-годишно девојче кое зборувало за забавите, и се заканувала со одмазда што би вклучувало луѓе што ќе шират гласини за неа.
Шенон О’Конор не е обвинета само за организирање диви забави, туку и за помагање на пијани момчиња во сексуален напад врз девојчиња во Калифорнија.
На една забава, според обвинението, таа му дала на момчето кондом и го турнала во соба каде што пијано 14-годишно девојче лежело на креветот.
„Девојчето се исплаши, истрча и се затвори во бањата“, се вели во соопштението.
На друга забава, О’Конор го придружувала момчето до собата со пијано девојче и заминала. Девојчето подоцна било сексуално нападнато.
Во октомври 2020 година, О’Конор, наводно, изнајмила куќа во Санта Клара за тинејџерска секс забава и сето тоа завршило со штета од 9.000 американски долари и снимки од надзорот на кои се гледа како децата повраќаат и се тетерават.
Имало повеќе повредени, а тинејџерите возеле автомобили без возачка дозвола и еднаш предизвикале сообраќајна несреќа во која бил повреден еден тинејџер.
Жената е обвинета за сериозни кривични дела, вклучувајќи злоупотреба на деца и сексуална злоупотреба, пишува New York Post.