Home Актуелно За влез во Македонија на ГП „Табановце“ се чека околу еден час, за излез од земјава на ГП „Богородица“ се чека 40 минути

За влез во Македонија на ГП „Табановце“ се чека околу еден час, за излез од земјава на ГП „Богородица“ се чека 40 минути

И утрово на граничните премини за влез и излез од Македонија има умерен застој.

На ГП „Табановце” изутринава времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП „Богородица” за излез од државата се чека околу 40 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…