За сите кои избегнуваат глутен – рецепт за безглутенски леб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите кои го избегнуваат глутенот, а не сакаат да го исфрлат лебот од дневните оброци, еве рецепт како сами да си направат домашен безглутенски леб.

Потребни состојки: 300 гр. безглутенско брашно, 20 мл. масло, 7 гр. квасец, 10 гр.пециво, 2 јајцa, 250 мл.вода, 10 гр. сол, 15 гр. шеќер и малку сусам.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно последователно се става: 1 јајце, 10 гр.пециво, 7 гр. квасец, 20 мл. масло, 250 мл. вода, 10 гр. сол и 15 гр. шеќер.

Состојките на почеток се мешаат со лажица или виљушка.

Потоа со рака се замесува тесто.

Откако добро ќе се измеси се остава да отстои 15-20 минути.

Тестото се обликува во форма на леб и се премачкува со јајце.

Се посипува со малку сусам и се пече во загреана рерна околу 45 минути на 140 степени.