Вучиќ: Европа да биде поодговорна, а замислете јас да го повикав народот на референдум со 35% да речам победивме…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот претседател Александар Вучиќ од Москва го искоментира исходот на референдумот во Македонија и истакна дека Европа мора да се постави поодговорно.

„Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една суверена земја. Се плашам и ми се чини дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се – мислат, ќе видиме ако може со народот, ако не, тогаш не со народот, ќе се обидеме со притисок врз пратениците, ако не може ниту тоа, не е важно, тоа мора да биде така…. Ги замолувам луѓето од Европа и светот да покажат почит кон нашите мали народи и да покажат дека разбираат што се случува“, изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Потоа ја преслика ситуацијата на Србија.

„Замислете ме да го повикам народот на референдум и да излезат 25%, 35% и да кажам ’победивме’… Тоа за мене е невозможна ситуација. Постои демократија, постојат устави и закони за да бидат почитувани и тогаш кога одлуката некому не му се допаѓа“.

„Што се однесува до светот, очекував повеќе разбирање за вистинските причини за малата излезност и очекував некој на реален начин тоа да го согледа. Не можете да заборавите што мисли народот“.

Тој рече дека го почитува договорот меѓу Македонија и Грција, но исто така луѓето од Европа и светот да покажат почитување кон малите народи. „Европа мора да се постави поодговорно“, рече Вучиќ.