Вторник носи сончево време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој вторник, 21 јануари, во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово и Берово 1. Битола и Крива Паланка 2, Охрод 3, Кавадарци 4, Дојран 9 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 5 степени, Маврово  0, Охрид, Берово и Крива Паланка 3, Кавадарци 5, Битола 4, Дојран 10 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе продолжи да дува слаб до умерен северен ветер, кој во четврток ќе се засилува. Од петок ќе започне да дува јужен ветер, облачноста ќе се зголемува и за време на викендот се очекуваат повремени врнежи претежно од дожд.