Вторничка временска прогноза – претпладне магла, попладне сонце


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето вo Mакедонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.

Утре ќе дува умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието поради што преодно ќе се намалат условите за магла.