Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денешниот мартовски вторник во Македонија носи променливо облачно време, во југозападните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер и дневна темпаратура од 15 Целзиусови степени. Маврово 5, Охрид 11, Битола 12, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 14, Дојран 15.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 7 до 17 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…