Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денеска, вторник, 8. ноември, времето во Македонија претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.

До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…