Вторничка временска прогноза


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Денеска, вторник, 19. октомври, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 18 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 16, Битола 17, Крива Паланка 16, Берово 14, Кавадарци 18, Дојран 21.

И утре ќе имаме претежно сончево, во југозападните делови претпладне со зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а дневните температури ќе се движат од 13 до 22 степени.