Home Актуелно Вторничка временска прогноза

Вторничка временска прогноза

Денес во Македонија ќе имаме променливо облачно време, по одделни котлини со услови за утринска магла, а на крајниот југ со слаб локален дожд. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната девет до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно со услови за утринска магла. Во текот на денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени. Во Маврово 9, Охрид 14, Битола 13, Кавадарци 15, Крива Паланка 12, Берово 11, Дојран 16.

Утре ќе биде стабилно со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Потоа од четврток до сабота ќе има локални врнежи од дожд, позастапени во западните делови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…