Вртоглава цифра: Еве колку заработила директорката на обложувалницата Bet365


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорката на најдобрата онлајн обложувалница Bet365, Денис Коутс во 2019 година има заработено вртоглави 320 милиони фунти. Благодарение на оваа цифра таа се стекнува со титулата најдобро платен директор во Британија за оваа година.

Парите се поделени на плата од 277 милиони фунти плус дивиденда. Инаку, Коутс не земала секогаш толкава плата, минатата година платата и била околу 220 милиони фунти.

Коутс освен што е директорка, таа е и ко-основач на компанијата заедно со членови на нејзиното семејство.

Таа уште во 2000 година чувствува во која насока ќе се движи бизнисот и почнува сериозно да вложува во онлајн обложувањето и Bet365.