Врховен пресече: Притвор за Горан Грујовски и Никола Бошковски, за Јакимоски не


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски и неговиот соработник Никола Бошковски од Управата за безбедност и контраразузнавање одат во притвор, пренесува СакамДаКажам.мк од Врховниот суд.

Петчлениот казнен совет, со кој раководи претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, на третиот обвинет кој доби притвор од Скопска апелација, Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Гордана Јанкулоска, му ја преиначил одлуката за притвор. Со одлука на Врховниот суд, покрај македонскиот пасош, одземен му е како мерка за обезбедување и дипломатскиот пасош.

Јакимовски работи во СЕЛЕК центарот во Романија. Тој е генерален директор на југоисточниот центар за спроведување на законот. Со тоа што му се одзема пасошот, според неофицијалните информации, тој веќе нема да може да ја извршува функцијата.

Неофицијално, Врховниот суд, кој одлучуваше по жалбите на одбраната на одлуките за притвор на Апелациониот суд од 18 јули, овие одлуки треба да ги објави околу 14.30 или 15 часот.