Временска прогноза за првиот јунски ден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, први јуни, ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со попладневен повремен пороен дожд. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 20 степени. Маврово 10, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 24.

Стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот следува од среда.