Временска прогноза за последниот августовски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во четврток во Македонја ќе преовладува претежно сончево време, кое ќе биде проследено со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 14 а максималните ќе се движат во интервал од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со слаб ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се искачи до 32 степен.

Во наредните три дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе биде во опаѓање.