Временска прогноза за овој четврток


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде  од 12 до 21, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува осум. Во Скопје слично време со темература до 33 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.