Потенцијалната руска вакцина против коронавирусот ги турна цените на златото во САД и Азија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Под притисок на веста за потенцијалната вакцина против коронавирусот која ја иновираа Русите, цените на блaгородните метали забележаа драстичен пад на азиските и на американската берза, тврдат брокерските експерти

Цената на златото се намали дури за 5,2 отсто и унца се тргуваше за 1.921,50 долари, што е најголем дневен пад во изминатите седум години и е многу помалку од вредноста во петокот кога унца злато се тргуваше за 2.072,50 долари.

И цената на среброто забележа пад од 13,8 проценти, најголемо намалување од октомври 2008 година и овој благороден метал се тргуваше по 25,24 долари по унца.

Вредноста на платината се намали за 4,7 отсто на 940,08 долари, а во исто време забележан е и пад на цената на паладиумот на 2.116,33 долари за унца.

„Ова е мини удар. Не можевме да ги игнорираме ударните медиумски наслови за потенцијалната руска вакцина, така што продолжи оптимизмот на инвеститорите за вложување во компаниски акции“, изјави аналитичарот од брокерската куќа „Оанда“, Едвард Моја.

На американските берзи цената на златото се намали за 4,6 отсто и унца се тргуваше за 1.946,30 долари.

„Подобрите од очекуваните економски податоци во САД влијаеја на распродажбата на жолтиот метал“, посочи Мора.

Тој додаде дека и понатаму е силна вредноста на златото.