Вработените во Google не смеат да користат Zoom


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вработените во технолошкиот гигант Google добија забрана да ја користат апликацијата за „онлајн“ видео комуникација Zoom на нивните службени компјутери.

„Неодамна, нашиот безбедносен тим ги извести вработените дека Zoom веќе нема да се користи на компјутерите во компанијата, бидејќи не ги исполнува нашите безбедносни стандарди“ – изјави Хосе Кастанеда, портпаролот на Google.

Тој вели дека одамна имаат воведено политика со која не им дозволуваат на вработените да користат неодобрени апликации за работа што се надвор од нивната корпоративна мрежа.

„Вработените кои го користат Zoom за да останат во контакт со семејството и пријателите, можат да продолжат да го прават тоа преку веб-прелистувач или преку мобилен телефон“, додаде Кастанеда.

Google не е првата компанија што им забрани на вработените да користат Zoom. Германското министерство за надворешни работи исто така, издаде упатство до своите вработени да ја не ја инсталираат апликацијата Zoom на своите мобилни телефони.

Упатството е издадено поради безбедносни причини, пишува весникот „Ханделсблат“ на својата интернет страница. Користењето на апликацијата е дозволено само во „вонредени ситуации“, а притоа не се наведува конкретно за какви ситуации станува збор.

Ракетната компанија на Илон Маск, „SpaceX“ исто така им забрани на вработените да ја користат оваа апликација, потенцирајќи ги „значителните грижи за приватноста и безбедноста“.

Во САД пак, покрената е заедничка тужба против Zoom бидејќи компанијата тврдела дека комуникацијата преку нејзината апликација е посигурна отколку што е, објави новинската агенција „Ројтерс“.

Одделението за образование на Њујорк уште минатиот месец ги повика училиштата да го „напуштат“ Zoom и да се префрлат на услугите од Microsoft.

Владата на Тајван исто така забрани популарната алатка за видео конференции да се користи за сите службени т.е државни бизниси. Наместо тоа, владата предложи, агенциите на кои им е потребен софтвер за видео конференции да користат услуги од Google односно Microsoft.

По критиките, Zoom призна дека комуникацијата преку оваа апликација не е секогаш кодирана.

Како последица од мерките за спречување на корона вирусот, изминатиот месец, бројот на корисници на видео услуги од Zoom порасна од 10 на 200 милиони на ден.