Вознемирувачки сцени: Јавно погубен поради силување и убиство на тригодишно девојче (видео)


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Мухамад ал-Маграби (41) беше осуден поради силување и убиство на тригодишно девојче во Јемен поради што беше јавно погубен пред стотици луѓе.

Маграби беше погубен во градот Сани, а граѓаните чинот го снимаа со мобилни телефони, додека државната телевизија ја пренесуваше директно егзекуцијата.

На снимката се гледа како Маграби е со врзани раце на грбот и како полицијата пука во него додека лежи.

Шеријатскиот закон е темел на законодавството во Јемен, и според него убиството се казнува со егзекуција за која не постои пропишан начин како треба да се изврши.