
Како што пишуваат медиумите, Рада Манојловиќ ја завршила врската со својот возач, а сега нејзиното срце го освоил маж познат на јавноста.
Според Информер, новиот дечко на Рада Манојловиќ е познат спортист, а нивната љубов започнала сосема случајно.
Новата љубов Рада ја запознала преку пријатели, а бидејќи и двајцата се јавни личности, одлучиле да не се следат на социјалните мрежи и да не се појавуваат заедно во јавност сè додека нивната врска не стане официјална.
И двајцата претходно имале јавни врски и раскинувања, па врз основа на тие искуства донеле одлука да не го изложуваат својот емотивен однос на јавноста.
Освен што има нов партнер, Рада започна и приватен бизнис со сестра ѝ Маја, па верува дека оваа година ќе биде успешна за неа во секој поглед.