ВООРУЖЕНА АКЦИЈА: Скопските клубови синоќа мета на полицијата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција со асистенција на полицијата ноќеска извршила рација во неколку ноќни клубови во Скопје, што ги налути, како сопствениците, така и гостите кои тврдат на социјалните мрежи дека акцијата била вооружена, среде забава.

Повеќе граѓани на социјалните мрежи изразија револт поради синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи во ноќните клубови во Скопје. Тие сведочат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да се угаси музиката во ноќниот клуб „Сектор“ со образложение дека се врши контрола на возраста на гостите.

Неофицијално, уапсен бил сопственикот на дискотеката поради тоа што се спротивставил на ваквиот начин на контрола односно на барањето да се угаси музиката, објави порталот еМагазин.

Се чека официјална информација од МВР за оваа акција.

https://www.facebook.com/elena.uzunovski/videos/10156370243233326/