Вонреден конгрес на 23 декември: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе избере нов претседател?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ВМРО-ДПМНЕ со соопштение ја информираше јавноста дека Извршниот комитет на партијата на вечерашната седница најостро ги осудил обвиненијата за тероризам и притворите изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април и согласно статутот на партијата, одлучил да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година.

Во соопштението се наведува:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница најостро ги осуди политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април.

Злоупотребата на државните институции кои под политички притисок на власта упаѓаа во домови и ставаа лисици на пратеници е акт на терор и газење на демократијата.

Извршниот комитет заклучи дека ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам.

Согласно статутот на партијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му предложи на Централниот комитет на следната седница да отпочне процедура за организирање на вонреден Конгрес на партијата на 23 декември 2017 година.