Home Вебкафе Водопадот во Хрватска кој тече нагоре стана хит на интернет

Водопадот во Хрватска кој тече нагоре стана хит на интернет

Видео снимка на хрватскиот водопадот Крчиќ, кој под влијание на силни удари на ветрот „тече нагоре“, стана хит на интернет.

„Водопад и одолева на гравитацијата“, е насловот на текстот објавен во рубриката специјализирана за туризам на страницата Yahoo Lifestyle, каде авторката детално објаснува каде точно се наоѓа Крчиќ и зошто вреди да се посети Националниот парк „Крка“.

„Ова е единствен водопад кој не тече цела година, во текот на летото пресушува, зимите може да се види како водата паѓа од 22 метри височина со сета во својата убавина. Хрватска е топ дестинација кога се во прашање водопадите, а голем број луѓе секоја година ги посетуваат и Плитвичките Езера“, пишува авторката со објаснување дека силниот ветер ги подига капките на Крчиќ, со што се добива  впечаток дека „водопадот тече кон небото“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат

10 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат Со доаѓањето на топлите летни …