Во Токио презентирана мобилна џамија за Олимписките игри 2020


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Компанија за спорткски и културни настани до Токио изработи џамија на тркала, поточно џамија на голем сино-бел камион, која, како што се надеваат, на посетителите на Олимпијадата од муслиманска вероисповед ќе им овозможи да се чувствуваат како дома.

Јашуару Иноуе, извршниот директор на компанијата Yasu Project, вели дека во текот на игрите можеби нема да има доволно џамии за сите муслимански верници, што е алармантен податок за земјата која себе се смета за дел од меѓународната заедница. Мобилните џамии кои ги произведува неговата компанија можат да патуваат по различни олимписки борилишта.

„Како отворена и гостољубива земја, сакаме да ја споделиме идејата за ’омотенаши‘, јапонско гостопримство, со муслиманите“, вели Иноуе во едно неодамна објавено интервју.

Првата мобилна џамија беше промовирана оваа недела, на фудбалскиот стадион „Toyota“ во Тојота Сити, кој воедно е и седиште на истоимениот автомобилски гигант.