Во Тексас откриено недопрено лежиште на нафта кое се проценува на 900 милијарди долари


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Во Пермијанскиот базен на територија на сојузната држава Тексас е пронајдено најверојатно најголемото наоѓалиште на сурова нафта кои и според сегашните ниски цени има фантастична вредност од 900 милијарди долари со можна експлоатација на 20 милијарди барели на нафта.

Откритието може да биде три пати поголемо од она во регионот Бакен, во сојузната држава Северна Дакота, најголемо наоѓалиште на неконвенционална нафта кога и да било пронајдено.

Фактот дека ова откритие од 20 милијарди барели нафта се наоѓа токму во оваа област, покажува дека дури и во области каде веќе се експлоатирани милијарди барели нафта, постои потенцијал да бидат пронајдени милијарда повеќе, вели во соопштение Валтер Гвидроз, координатор на програмата за геолошко истражување.

Пронајдок дава кредибилитет на оние кои мислат дека Пермиан басенот може да има 75 милијарди барели нафта од шкрилци. Тоа би било второ по големина наоѓалиште, веднаш по наоѓалиштето Гавар во Саудиска Арабија.

Пермиан басенот е извор на сурова нафта од почетокот на 1920-те години на минатиот век. Според некои извори, слојот на нафта од шкрилци стои се` уште нечепнат.