Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Својата прва улога во професионалната кариера славниот холивудски актер Бред Пит ја имаше во црногорскиот филм „Темната страна на Сонцето“, во кој глумеше заедно со скоро починатата актерка Милена Дравиќ.

Малкумина знаат дека во споменатиот филм, во кој една од главните улоги ја имаше Милена Дравиќ, својата прва значајна улога ја оствари и денес планетарно популарниот Бред Пит.

Филмот е снимен на Јадранот, во 1988 година, а премиерно беше прикажан дури во 1997 година. Во ова филмско дело, Бред Пит го глуми синот на ликот кој го игра Дравиќ, кој се бори со тешко заболување на кожата.

Денес, 30 години после снимањето и 21 година после премиерата на филмот, Пит е еден од неизбежните симболи на Холивуд и западниот шоубизнис свет, центар на внимание за голем број светски медиуми, без притоа речиси и да не се знае дека своите први филмски чекори ги направи токму во бивша Југославија.