Home Актуелно Во Старата скопска чаршија урнат објект кој беше заштитен како културно наследство

Во Старата скопска чаршија урнат објект кој беше заштитен како културно наследство

Во Старата скопска чаршија урнат e објектот „Шар”, кој беше споменик на културата под заштита. Власта треба да одговори зошто дозволи да биде урнат и што ќе се гради на негово место, праша ВМРО-ДПМНЕ во објава на Фејсбук-страницата на партиската Комисија за култура.

„Објектот „Шар”, лоциран во Старата скопска чаршија, е урнат до темел, а во моментов на негово место никнува нов објект, без соодветно означена информација, којашто задолжително треба да се истакне на самата градежна парцела!

Ги повикуваме сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор, имајќи предвид дека овој објект е во сопственост на Република Македонија и споменик на културата под заштита“, побара Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…