Home Актуелно Во рацијата на Табановце уапсени командир, заменик-командир и осуммина полициски службеници

Во рацијата на Табановце уапсени командир, заменик-командир и осуммина полициски службеници

Во полициската акција и рација која синоќа беше извршена на граничниот премин Табановце биле уапсени командир, заменик командир и осум полицајци, пренесува „А1он“. Претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.

Според неофицијални информации, МВР која правеше претреси во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пронашла пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд. Тие негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати. До вчера на полноќ, освен полицајците, нема цариници кои се уапсени.

Обвинителството бара мерки за обезбедување присуство, а полициските службеници беа спроведени во Кривичен суд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…