Во првиот квартал од 2020 невработеноста во Македонија е 16,2 отсто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според статистичките податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2020 година, активното население во земјава изнесувало 967.733 лица, од кои вработени се 811.106, а 156.627 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.4, стапката на вработеност 48.1, додека стапката на невработеност изнесува 16.2 отсто.

Од неактивното население, вкупно 722 589 лица, 266 346 се мажи, додека двојно повеќе или 456 243 се жени. Еден квартал претходно, невработеноста била 16.6 отсто.
Во третиот квартал лани, невработеноста изнесувала 17.1 отсто.

Само за три месеци поради корона кризата во земјава останале без работа над 15 илјади граѓани од земјава. Ова го покажуваат најновите податоци што ги објави Агенцијата за вработување.