Во најжешкиот мандат кој добива како мандатар, Груевски ќе се обиде да состави Влада


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот Ѓорге Иванов денес ќе му го врачи мандатот на Никола Груевски како мандатар кој ќе се обиде да состави Влада во наредните 20 дена, колку што изнесува рокот за составување на нов комплетен владин кабинет со коалициско мнозинство на пратеници во Парламентот.

Турбулентен период исполнет со сериозни преговори за формирање влада, потоа и реформи согласно препораките од Прибе, а и можни протести од незадоволните го очекуваат новиот мандатар, прогнозираат аналитичарите за Радио Слободна Европа.

Преговарање за редицата барања на партиите на Албанците на краток рок и сериозни реформи согласно препораките од извештајот на Прибе од кога ќе биде формирана владата. Овие неколку клучни работи, според аналитичарите, го чекаат новиот мандатар.

Тој прво, за да стигне до мнозинство, треба да се усогласи со барањата од декларацијата што ја усвоија ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците. Тие по консултациите со албанскиот премиер Еди Рама излегоа со документ поделен во седум поглавја, без конкретни рокови, но со идеја, за како што велат, целосна еднаквост на двата народи, право и правда, економска еднаквост, ЕУ и НАТО, добрососедски односи.

Бараат меѓу другото албанскиот јазик да стане втор официјален во земјава, промена на химната, грбот и знамето, осудување на геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

И да прифати некои од барањата на партиите на Албанците и да формира влада, новиот мандатар ќе го чекаат редица комликации.