Во најголемиот метеж на јавниот екран на железничка станица во Индија пуштиле порно филм (снимка)


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Луѓето на железничката станица Патна Џанкшн во индискиот град Патна беа изненадени од многу необична глетка која ги шокираше на јавниот екран на перонот поставен за рекламни спотови и информации.

Имено, на екранот кој се наоѓа на станицата нешто пред 10 часот наутро почна да се прикажува експлицитно видео од секс. Стотици патници биле шокирани што наместо вообичаените реклами, на екранот бил прикажан порно филм.

Видеото се прикажувало околу три минути, а потоа било прекинато поради бројни поплаки, пишува Тајмс оф Индија. Во тоа време на железничката станица обично имало голема гужва.

Сепак, имало и такви кои ја снимиле таа сцена, па сега видеото е вирално на Твитер. Додека некои се лути поради оваа грешка, на други оваа ситуација им е крајно смешна.