Во Мали извршен воен удар – војниците тврдат дека ги уапсиле претседателот и премиерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Припадниците на бунтовничките воени сили го уапсија претседателот и премиерот на Мали во главниот град Бамако, изјави еден од водачите на бунтот за агенцијата Франс прес.

Претседателот Ибрахим Бубакар Кеита и премиерот Бубу Сисе „се под наша контрола“, изјави војник за француската агенција, сакајќи да остане анонимен.

Тој додаде дека претседателот и премиерот се на пат за Кати, воена база во предградието на Бамако каде започна побуната.

Ројтерс јави дека два безбедносни извори потврдија дека е уапсен претседателот, но додаде дека неговиот портпарол не можел да го добие за коментар.

Претходно, владата од бунтовничките војници побарала да го „спуштат оружјето“, ветувајќи дека е подготвена со бунтовниците да влезе во „братски дијалог со цел да се решат недоразбирањата“.

Побуната „покажува одредена количина на фрустрација што може да има легитимни причини“, рече претходно во изјава премиерот на Мали. Тоа беше прва реакција на побуната што го потресе главниот град од вторникот наутро.

Поранешната колонијална сила Франција ја осуди побуната што избувна во клучна воена база, на 15 километри од главниот град. Претседателот Емануел Макрон разговараше за кризата што избувна во Мали со претседателите на Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал и изрази „целосна поддршка за напорите за посредување на земјите од западна Африка“.

Кеита освои втор претседателски мандат на изборите во 2018 година.

Во земјата владее незадоволство поради корупцијата, лошото водење на економијата и влошената безбедносна ситуација.

Сè уште не е јасно колку војници учествувале во побуната.