Home Живот и здравје Во Македонија во тек е нова трансплантација на срце и бубрези од починат донор

Во Македонија во тек е нова трансплантација на срце и бубрези од починат донор

На клиниките за кардиохиругија и за урологија во Скопје утрово започна трансплантација на срце и бубрези од починат донор, објави министерот за здравство Венко Филипче денеска на Фејсбук.

Трансплантацијата на срце, посочи Филипче, се врши кај пациент кој подолго време е на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на четириесетина години кои се на дијализа.

„По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Сите сме неизмерно благодарни и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 – годишната пациентка, која ја загуби битката за живот и ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани“, напиша Филипче.

Тој информира дека, почнувајќи од мај 2020 година досега, се извршени експлантации од седуммина починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрези, едно коскено ткиво.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …