Home Актуелно Во Македонија укинати сите анти-ковид мерки – останаа само маските во здравствени установи, аптеки и јавен превоз

Во Македонија укинати сите анти-ковид мерки – останаа само маските во здравствени установи, аптеки и јавен превоз

Граѓаните, угостителите, но и трговците ќе можат да здивнат откако Владата на вчерашната седница ги укина речиси сите мерки кои беа воведени со цел заштита од коронавирусот.

Сепак на сила останува да важи носењето заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост како и во јавниот превоз.

Од Владата препорачуваат да продолжи одржувањето физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем.

На здравствените домови им се препорачува да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години но и вакцинацијата меѓу здравствените работници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Зошто маслинките треба да ти станат најдобар сојузник во перименопаузата?

Кој би помислил дека црните маслинки, често занемарени, можат да бидат вистинска суперхран…