Во Киев убиен Бабченко – новинарот кој ги критикуваше Кремљ и Путин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украинските медиуми објавија дека рускиот новинар Аркадиј Бабченко, кој живееше во егзил од родната Русија, бил убиен во Киев.

Бабченко живееше во егзил во Украина. Аркадиј беше застрелан во неговиот дом во областа Днепропетровска во Киев. Тој бил демнат на скалите кон својот дом од непознат сторител и застрелан три пати во грбот. Тој бил потоа најден од неговата сопруга во беспомошна состојба. Тој починал во амбулантата на пат кон болницата.

Аркадиј Бабченко е еден од најхрабрите новинари кои го видоа вистинското лице на војната . Учествувал како војник во Првата и Втората чеченска војна. Тој го покривал руското упад во Грузија во 2008 година и во Украина во 2014 година Автор е на бројни статии и материјали критични кон Кремљ и руското вплеткување во “блиското странство”.

Бабченко беше познат како жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Ја напуштил својата татковина откако му се заканувале за својот живот, најпрво се населил во Чешка, а подоцна и во Украина.

Во минатата година, Бабченко работеше како лидер во украинската приватна телевизија АТР.

Бабченко ја напушти Русија во февруари 2017 година, набргу откако предизвика скандал со изјавата дека членовите на воениот ансамбл, кои загинаа во авионска несреќа на пат за Сирија, не заслужуваат сочувство, потсетува весникот „Украинскаја правда”.

Тој работеше за весниците „Московски комсомолец” и “Новаја газета”, а како воен дописник известуваче од војната во “Јужна Осетија” во 2008 година.