Home Актуелно Во Истанбул разбиена нелегална обложувачка банда – дел од шемата била и Македонија

Во Истанбул разбиена нелегална обложувачка банда – дел од шемата била и Македонија

Криминал тежок една милијарда турски лири (55 милиони евра) е проценката на противзаконската заработка која ја направила бандата „Тотобо“ со своите операции со нелегално обложување во Турција, Германија и Македонија, пишуваат турските медиуми. По 8-месечно следење полицијата од Истанбул приведе 59 членови на бандата и нејзините водачи.

Операцијата продолжува, соопшти турската полиција која вели дека се работи за една од најголемите операции во сузбивање на нелегалното обложување. Екипите на истанбулската полиција од одделот за кибернетски криминал вчера извршиле координирани операции во 8 градови. Приведен бил и водачот на бандата Озкан Г.

По следењето на сметките на членовите на бандата утврдено било дека за период од околу една година оствариле промет од 1 милијарда лири кои биле испратени во странство. Парите преку криптовалути биле префрлени во Македонија.

Турската полиција се сомнеав дека дел од овие пари завршувале и кај членови на терористичка организација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…