Home Актуелно Во Франција уапсен Никола Саркози

Во Франција уапсен Никола Саркози

Во Франција денес, од страна на француската полиција, приведен на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.

Саркози е уапсен во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања.

Како што јави АФП, истрагата се води околу сомнежите дека за време на претседателските избори во Франција во 2007 година, кампањата на Саркози била илегално финансирана од Либија.

Распитот на Саркози се спроведува неколку недели откако во врска со истата истрага во Лондон беше уапсен неговиот поранешен соработник Александар Џури. Џури подцна беше ослободен со кауција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…