Во две акции полицијата заплени 1,6 тони марихуана вредна 3,2 милиони евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во две полициски акции полициските служби запленија 1,6 тони марихуана вредна 3,2 милиони евра.

Поголем дел од дрогата е пронајдена во фирма во Струмица која е регистрирана за одгледување на канабис за медицински цели. Запленета е марихуана која фирмата не ја пријавила. Истата била во облик на сув цвет, сув лист и околу 300 кг био маса.

Марихуана вредна 200 000 евра е пронајдена при претрес на возило на патниот правец Охрид Ресен. Во втората акција за сузбивање шверц, Полицијата пронашла три торби тешки околу 50 кг. Дрогата ја пренесувале две лица од Струмица кои по претресот се приведени во полиција.