Во Дубаи уапсен босанскиот нарко-бос Гачанин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Холандските медиуми пренесуваат дека во големата полициска акција во Дубаи со која беше разбиен супер-картелот кој држеше една третина од европскиот пазар со кокаин бил уапсен и Един Тито Гачанин. Станува збор за босански државјанин кој е шеф на наркобизнисот кој криумчари дрога во Европа,а кој според медиумите беше своевидна мистерија за европската полиција.

Тој е уапсен во Дубаи во акцијата што ја координираше Европол, а во која учестуваа полициите на шест држави. Холандија за него ќе бара екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати.

Медиумите претходно објавија дека еден од уапсените е 40-годишен Холанѓанец, кој исто така е државјанин на Босна и Херцеговина, а се работи за Гачанин. Против него е покрената кривична истрага врз основа на пресретнати пораки на Скај. Кривичниот предмет против него го водат обвинителите на Државното обвинителство на Холандија, соопшти холандската полиција.

Тој не само што е осомничен за увоз на големи количества кокаин. Тој е осомничен и дека подготвувал увоз на речиси 8.000 килограми суровини за производство на амфетамин. Суровините за производство на лекови пристигнале преку пристаништето Антверпен, а нивната крајна дестинација била компанија во Холандија.

Босанскиот државанин веројатно имал важна водечка улога во увозот на забранети стоки. Тука спаѓа и серија од околу 1.800 килограми кокаин што е увезена преку пристаништето Хамбург во 2020 година со дестинација во Холандија, соопшти полицијата.

Преку разговорите на Скај е осомничен дека учествувал како организатор, посредник и финансиер во увозот на 739,5 килограми кокаин од Дурбан (Јужна Африка) во Ротердам.