Почина македонскиот неврохирург д-р Јовица Угриновски


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



По тешко боледување на 77-годишна возраст утрово почина познатиот неврохирург проф. Д-р Јовица Угриновски, соопштија од приватната болница „Неуромедика“ чии основач и претседател на Управниот одбор беше Угриновски.

Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, стои во објавата од болницата.

Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986). Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот. При атентатот врз Претседателот на РМ Киро Глигоров (Скопје, 1994) изведе сложени неврохируршки оперативни зафати. Бил организатор на Итната санитетска хеликоптерска служба во РМ, како и на повеќе волонтерски организации и се занимаваше со планинарење и алпинизам. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.