Во Дрисла ќе се уништува 21 тон свинско месо заразено со Африканска чума


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


21 тон свинско месо од Шпанија увезено во Македонија преку Бугарија, било заразено со Африканска свинска чува, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Местото е откриено на граничниот премиер Деве Баир и не е пуштено во промет. Денес ќе биде уништено на депонијата Дрисла.

Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш реагирала и пратката е ставена под контрола и истатата не е пуштена во промет. За ова работа ние ќе ја известиме Светската здравствена организација за заштита на животните и Европската унија.

„При спроведување на превентивната мерка земање на мостри и примероци на секоја пратка од животинско потекло, поточно на свинско месо од земјите во кои што веќе е прогласена болеста африканска свинска чума АХВ утврди во пратка по потекло од Шпанија присуство на вирусот африканска свинска чума. За ова работа ние ќе ја известиме Светската здравствена организација за заштита на животните и Европската унија. Пратката е внесена преку Бугарија и оттами преку граничниот премин Деве Баир е влезена во Македонија. Истата пратка е задржана и не е пуштена во промет. Во текот на денот со сите преземени биосигурносни мерки ќе биде и нештетно уништена“, изјави директорот на АХВ, Зоран Атанасов.