Home Актуелно Во Бугарија падна Владата на Кирил Петков – изгласана недоверба во Собранието

Во Бугарија падна Владата на Кирил Петков – изгласана недоверба во Собранието

Бугарската Влада предводена од премиерот Кирил Петков денеска го доживеа својот пад, откаок бугарските пратеници попладнево ѝ изгласаа недоверба. Предлогот да се изгласа недоверба на Владата го поддржаа 123 пратеници во вкупно 240 во парламентт. Против ваквата одлука беа 116 пратеници.

За недоверба на Владата гласаа 59 пратеници од ГЕРБ-СДС, 33 на ДСП 19 од Има таков народ (ИТН) и 12 на Преродба. Владата на Петков ја поддржаа 67 пратеници од неговата партија „Продолжуваме со промените“, како и пратениците од коалициските партии БСП (26) и Демократска Бугарија (16 пратеници).

Ова е прво гласање недоверба на кабинетот на Петков, по барање на партијата ГЕРБ поради економските неуспеси на владата. Петков во своето обраќање рече дека „му е чест што бил срушен од четворката Борисов, Пеевски, Трифонов и руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова“.

Владата предводена од Кирил Петков беше избрана на 13 декември 2021 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…