Home Актуелно Во автомобил во њујоршки автосалон најдени 30 килограми кокаин

Во автомобил во њујоршки автосалон најдени 30 килограми кокаин

Во нов автомобил, кој бил доставен на авто-салон во Њујорк, биле откриени 30 килограми кокаин со вредност од над еден милион долари, соопштуваат надлежните американски полициски сили.

Лицето кое го преземало возилото се соочува со обвинение за шверц со дрога. Во моментов тој е во притвор, каде ќе му биде назначен адвокат, а судијата ќе одлучи дали ќе дозволи да излезе со кауција.

Автомобилот пристигнал на 19 јули, а обвинителот Џејмс Кенеди рече дека возилото веднаш предизвикало сомневање, по што било запрено, а под хаубата била пронајдена дрогата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Џенифер Лопез блесна на Неделата на висока мода во Париз: Прв пат во првиот ред на ревијата на Зухаир Мурад

Џенифер Лопез ги привлече сите погледи на Неделата на висока мода во Париз, каде за прв па…