Home Актуелно ВМРО на Каракачанов ќе ја напушти владата ако Софија ја поддржи Македонија за членство во ЕУ

ВМРО на Каракачанов ќе ја напушти владата ако Софија ја поддржи Македонија за членство во ЕУ

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана, истовремено и претседател на бугарската политичка партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, викендов порача дека тој и неговата партија нема да го поддржат членството на Северна Македонија во ЕУ. Тој побара истиот став да го усвои и владата на Бугарија, а во спротивно неговата партија ќе ја напушти владејачката коалиција, јавува МЕТА.

Каракачанов рече дека основа за таквата одлука е тоа што С. Македонија не го исполнувала Договорот за добрососедство со Бугарија во делот за „чистење“ на спорните историски прашања, или, како што вели тој „сите фалсификати од историјата на бугарскиот народ во Северна Македонија“.

-Единственото правилно решение е да излеземе со став на владиниот кабинет. Оценуваме дека Северна Македонија не направилна доволно за исполнување на договорот меѓу двете држави и поради тоа не сакаме да ја поддржиме. Не сакам да поставувам услови, но мислам дека ова е основата. Ако не се постигне согласност, моите колеги во парламентот ќе ја напуштат власта – порача Каракачанов.

Каракачанов изјавата ја даде спроти денешната консултитативна средба со Владата, која ја свика претседателот на Бугарија, Румен Радев. Меѓу владините претставници е и Каракачанов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…