ВМРО-ДПМНЕ не го напушта Собранието


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реши нејзините собраниски претставници да не го напуштаат парламентот. Оваа одлука беше донесена, меѓу другите, од страна на проширениот ИК на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот состанок.

Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачуваат дека „партијата ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во, како што велат, одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата“.

Во партиското соопштение од седницата на Извршниот комитет се наведува дека се расправало за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори. На состанокот неофицијално, можеле да се слушнат спротивставени ставови во врска со дилемата да се остане или не во Собранието.

Можноста за опозициската ВМРО ДПМНЕ да го напушти собранието ја навести вчера партискиот лидер Христијан Мицкоски. Тој вчера изјави дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот поради отстапувањето од политичкиот договор, на 12 февруари да биде распуштено Собранието.